Нептун СУПЕР Мајки

March 2023

Нептун СУПЕР Мајки

„Нептун Супер Мајки“ е една од програмите на Нептун Македонија за благосостојба на вработените. Предизвикот со кој секојдневно се соочуваат вработените мајки при менаџирањето на обврските околу децата, домот, кариерата навистина ги прави супер херои и тие заслужено го носат епитетот „Супер мајки“. Во знак на пружање поддршка на вработените мајки, организираме настан на кој сакаме да им оддадеме признание, внимание и поддршка на нашите Супер мајки.

Еден ден во годината им го посветуваме токму ним!

И оваа година, втора по ред, одржавме работилница посветена на мајки на предучилишни деца. На 17 Март 2023, во хотел Парк, 15 Супер Мајки имаа можност да учествуваат во работилница на која гостин предавач и модератор беше Љупчо Трифуновски, педагог, обучувач, постар стручен соработник за развој на деца, вработен во СОС Детско Село.

Беа обработени теми повразани со: Развојните фази кај децата, Факторите кои влијаат и препораки за успешна адаптација на детето во градинка, Моќта на впивачкиот ум на децата, Стимулирање на правилен раст и развој во домот, како и препораки за поуспешно менаџирање на времето и постигнување баланс помеѓу работата и мајчинството.

Преку интересна презентација, интерактивна дискусија, вежби и игра на улоги, учесничките се запознаа со различните теми и добија корисни препораки кои ќе можат да ги применат во секојдневниот живот.

По формалниот дел, следуваше слободно време за дружење и релаксација на учесничките:)

Грижата за благосостојбата на вработените е една од главните постулати и вредности на компанијата, а одделот за човечки ресурси е главен поддржувач, иницијатор и имплементатор на сите активности кои придонесуваат за унапредување на здравјето и благосостојбата на вработените.