🚀Рекорден број на унапредувања во Нептун🚀

April 2024

🚀Рекорден број на унапредувања во Нептун🚀

Со гордост и возбуда споделуваме дека во првиот квартал од оваа година дури 12 колеги добија унапредувања, со што поставивме нов рекорд во историјата на нашата компанија!

Ова не е само бројка, туку симбол на нашата посветеност кон создавање на средина која овозможува и поттикнува раст и развој на секој вработен. Секое од овие унапредувања е приказна за упорност, иновација и лидерство. Компанијата е посветена на препознавање и наградување на талентите кои допринесуваат кон нашата заедничка визија и успех.

Им честитаме на сите колеги за нивните заслужени успеси! Тие се вистински примери за лидерство и посветеност кои нè инспирираат сите!!!

Ова се колегите кои се унапредени на нови позиции:

  • Ивица Сибиновски
  • Филип Здравковски
  • Марјан Јовановски
  • Никола Јаковлески
  • Ивица Цековски
  • Коста Лиотиковски
  • Диме Глигоров
  • Тијана Димчевска
  • Пандо Вановски
  • Никола Стоев
  • Оливер Стаменовски
  • Симона Златановиќ