✨ Нептун Супер мајки - супер ден! 🌟

April 2025

✨ Нептун Супер мајки - супер ден! 🌟

На 28.03.2025, четврта година по ред го одржавме нашиот интерен настан посветен на добросостојбата на вработените „Супер мајки“, на тема “Предизвици со нашите тинејџери“. И оваа година не изостана извонредната позитивна енергија, инспирација, топла поддршка и вредни совети! 

💡 За тоа ѝ должиме огромна благодарност на нашата инспиративна гостинка, едукаторката Марија Саздева, која ни донесе корисни увиди, искуствено успешни стратегии и практични алатки за справување со предизвиците на тинејџерското доба. 

👩‍👧‍👦 Со учество на 25 фантастични мајки, создадовме средба за размена на искуства, поддршка и взаемна мотивација. 

📢 Нашата компанија е посветена на создавање позитивна работна средина и пружање поддршка за своите вработени преку едукативни и мотивирачки настани како овој. Како општествено одговорна компанија, веруваме дека инвестирањето во личниот развој и благосостојбата на вработените е од суштинска важност за нашата заедничка иднина! 

💪 Овој настан беше доказ дека заедно можеме да создаваме силна заедница на родители кои се подготвени да ги надминат сите предизвици. ❤️