Среќно пензионирање - Ванчо Витанов🎉

April 2026

Среќно пензионирање - Ванчо Витанов🎉

Со благодарност и почит на 08.03.2026 го испративме нашиот драг и долгогодишен колега Ванчо Витанов во пензија.

Ванчо е дел од семејството на Нептун цели 17 години, период во кој остави неизбришлива трага во нашиот тим и организација. Секогаш препознатлив по својата посветеност, професионалност и тивка, но сигурна сила, тој беше неизоставен дел од многу успешни проекти и интерни процеси. Неговото искуство, експертиза и подготвеност да помогне беа вредности со кои ја градевме културата на Нептун.

Од позицијата Заменик раководител, Ванчо даде значителен придонес во развојот на тимовите, подобрување на услугата и создавање стабилна и ефикасна работна средина. 

Во името на целата компанија, му благодариме на Ванчо за довербата, трудот и годините кои ги вложи во Нептун. Му посакуваме многу здравје, мирни и исполнети пензионерски денови, исполнети со моменти што ќе му донесат радост и задоволство.

Благодариме, Ванчо!