November 2025

🎁 Во Нептун Македонија, грижата за нашите вработени е приоритет.
Покрај можностите за развој и напредок, нашите колеги уживаат и во бенефиции што го прават секојдневието подобро. Една од нив е и повластена цена за вработени – затоа што веруваме дека оние што се дел од Нептун, заслужуваат повеќе!
📱📺💻 Да се биде дел од Нептун значи да имаш пристап до најдобрите производи – по најповолни услови.
📌 Оваа бенефиција е наш начин да ти се заблагодариме за посветеноста, и да покажеме дека твојот труд го вреднуваме – и надвор од работното место