October 2026

Дваесет и една година, неколку различни улоги и кариера обликувана од континуирано учење и развој. Александра Радуловиќ го започна својот пат во „Нептун Македонија“ како соработник за продажба. Оттогаш, нејзината кариера ја водеше низ комерцијалниот сектор, потоа 11 години во секторот за финансии, за на крајот да стигне до секторот за човечки ресурси, каде што сега работи како специјалист за обука и развој. Секоја промена носеше нова перспектива, нови одговорности и нови можности за напредок. Денес, Александра го користи искуството стекнато во различни области од работењето за да го поддржи развојот на другите. Разговаравме со неа за нејзиниот 21-годишен пат, за тоа што ја одржувало мотивирана и што за неа значел кариерниот развој во рамките на BALFIN.
Гледајќи наназад, што ве натера да ја изберете BALFIN Group и кога сфативте дека тоа е вистинската одлука?
Кога се приклучив на Нептун Македонија пред 21 година, барав стабилна компанија во која ќе можам да учам, да се развивам и да градам долгорочна кариера. Низ годините сфатив дека тоа била вистинската одлука затоа што компанијата постојано ми даваше можности за професионален раст, нови предизвици и унапредување. Денес, по повеќе од две децении, можам да кажам дека токму можноста за континуиран развој и довербата што ја добив низ годините се најголемата потврда дека го направив вистинскиот избор.
Како се развиваше вашето патување во текот на времето?
Моето патување е пример дека во компанијата постојат реални можности за развој. Кариерата ја започнав како референт за продажба, потоа продолжив во секторот комерција, а следните 11 години ги поминав во секторот финансии, каде стекнав драгоцено искуство и разбирање на бизнис процесите. Денес сум дел од секторот за човечки ресурси како специјалист за обука и развој, улога во која имам можност да придонесувам кон растот и развојот на нашите вработени. Секоја позиција ме научи на нешто ново и ми помогна да ја видам компанијата од различни перспективи.
Како изгледа еден типичен работен ден на вашата позиција?
Ниту еден ден не е идентичен, што ја прави работата многу динамична и интересна. Мојот ден најчесто вклучува планирање и организација на обуки, комуникација со менаџери и вработени, креирање содржини за учење и поддршка на вработените во нивниот професионален развој. Исто така, давам целосен придонес во обучување на нововработените во компанијата, зајакнување на знаењата за продуктите и услугите кои допринесуваат нашите вработени да се стекнат со поголема сигурност и подобра продажба.
Кој дел од вашата работа ве инспирира или мотивира најмногу?
Најголема мотивација ми е кога ќе видам дека некој вработен стекнал нови знаења, развил нови вештини или напредувал во својата кариера благодарение на програмите и поддршката што сме ги обезбедиле. Чувството дека придонесуваш во развојот на луѓето и нивниот успех е навистина инспиративно.
Можете ли да споделите момент или достигнување поради кое се чувствувавте особено гордо?
Особено сум горда на мојот професионален пат низ различни сектори во компанијата. Од продажба, преку комерција и финансии, до човечки ресурси, секоја промена беше нов предизвик и можност за учење. Тоа што компанијата препозна потенцијал во мене и ми овозможи да се развивам во различни насоки е достигнување што го ценам и кое ми дава големо чувство на гордост.
Што е нешто што, според вас, луѓето надвор од компанијата можеби не го очекуваат за BALFIN Group?
Мислам дека многумина не се свесни колку силен акцент се става на развојот на луѓето. Освен бизнис резултатите, значително се инвестира во учење, развој на таленти и создавање можности за внатрешна мобилност и кариерен раст. Токму тоа придонесува луѓето да останат и да се развиваат долгорочно во рамките на групацијата.
Според вашето искуство, што ја прави BALFIN средина во која луѓето навистина можат да растат?
Пред сè, довербата што им се дава на луѓето и можноста да преземат нови предизвици. Во текот на мојата кариера добив можност да работам во различни области и да стекнам нови знаења и вештини. Кога една организација препознава потенцијал и инвестира во своите вработени, таа создава средина во која растот е природен процес.
Што ве инспирира да продолжите да ја градите својата кариера токму тука?
Ме инспирира чувството дека сè уште имам можност да учам, да придонесувам и да создавам вредност. По 21 година, сè уште гледам нови можности за развој и предизвици кои ме мотивираат. Најголемата инспирација се луѓето со кои работам и можноста преку мојата работа да помогнам во нивниот професионален раст и успех. Тоа е нешто што ми дава енергија и ме мотивира секој ден.