Јубилеј 15 години

November 2022

Јубилеј 15 години

✨Оваа година одбележуваме специјален јубилеј на нашите колеги кои се 15+ години во нашето НЕПТУН семејство! Ова е уште една причина да им се заблагодариме и да им посакаме да продолжат да го даваат најдоброто од себе. Во текот на сите овие години, компанијата доживува развој, а исто така и нејзините луѓе. 

Огромно е задоволството да се види напредокот и постигнувањата на овие вработени низ годините. Нивната лојалност, вредности, страст и љубов кон работата дава незаменлив придонес кон развојот на Нептун.

Им го честитаме јубилејот на сите и им посакуваме уште многу успешни години заедно!

БИНАСА САЛКОВА

Ја има улогата на ментор на многу нововработени во Нептун, претворајќи ги во експерти за продажба. Нејзината посветеност, упорност, лојалност и напорна работа ѝ носат многу лични достигнувања во работата. Кога ќе посетите Нептун продавница, сигурно ќе ја забележите нејзината широка насмевка како ве дочекува!