November 2022
✨Оваа година одбележуваме специјален јубилеј на нашите колеги кои се 15+ години во нашето НЕПТУН семејство! Ова е уште една причина да им се заблагодариме и да им посакаме да продолжат да го даваат најдоброто од себе. Во текот на сите овие години, компанијата доживува развој, а исто така и нејзините луѓе.
Огромно е задоволството да се види напредокот и постигнувањата на овие вработени низ годините. Нивната лојалност, вредности, страст и љубов кон работата дава незаменлив придонес кон развојот на Нептун.
Им го честитаме јубилејот на сите и им посакуваме уште многу успешни години заедно!
ГОЦЕ ЦЕЛЕСКИ
Нептун се гордее што има вработен како Гоце, кој ја гради својата кариера тука и е дел од сите постигнувања на компанијата. Тој е лојален, посветен, тимски играч, секогаш подготвен да помогне и да понуди уникатно купувачко искуство за клиентите!