Јубилеј 15 години

November 2022

Јубилеј 15 години

✨Оваа година одбележуваме специјален јубилеј на нашите колеги кои се 15+ години во нашето НЕПТУН семејство! Ова е уште една причина да им се заблагодариме и да им посакаме да продолжат да го даваат најдоброто од себе. Во текот на сите овие години, компанијата доживува развој, а исто така и нејзините луѓе. 

Огромно е задоволството да се види напредокот и постигнувањата на овие вработени низ годините. Нивната лојалност, вредности, страст и љубов кон работата дава незаменлив придонес кон развојот на Нептун.

Им го честитаме јубилејот на сите и им посакуваме уште многу успешни години заедно!

ЈОВАНЧО БАДАЛОСКИ

Јованчо ја започна својата кариера во продажба пред 15 години и благодарение на можностите за развој кои ги нуди компанијата, тој ја достигна позицијата Раководител на продавница Охрид. Toj е секогаш е тука за својот тим, поддршка во секоја ситуација, со тимски мајндсет кон остварување успех и задоволство на клиентите!