February 2020
Посветеност на клиентите, постојан раст, како и подобрување на својот асортиман и услуга, се само дел од успесите на „Нептун“ изминативе две децении. Одбележавме 20 години работа во Македонија со 25 продавници низ целата земја и со тим што брои повеќе од 400 вработени.
Свечената прослава на 20-годишниот јубилеј се одржа на 31.05.2018 во Скопје и на настанот луѓето кои се најзаслужни за растот на „Нептун“, вработените, беа претставени како супер-херои и дополнително им беа доделени награди на сите што се дел од оваа компаниска приказна уште од самиот почеток.
"Дел сме од бизнис кој постојано се менува и секој ден има некој новитет, некој нов, понапреден модел поради што од нас се бара постојано следење на тоа брзо темпо со цел да бидеме во чекор со потребите на клиентите. Постојано инвестираме во своите вработени, првично во нивниот професионален развој низ постојани обуки, а потоа и во нивната исполнетост на работното место затоа што вработените се тие што ја прават компанијата. „Нептун“ немаше да стигне до тука без нашиот тим или како што сакаме да кажеме, без нашето големо семејство, кое е распространето во дури 21 град низ цела Македонија и се надеваме дека ќе продолжи да расте – изјави Горан Цветинов, генерален директор во „Нептун“.
Тој посочи дека токму работната атмосфера и инвестирањето во надградбата на вработените придонесува и за квалитетната и професионална услуга на клиентите. Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, „Нептун“ нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како инстант кредит, осигурување на производите, разни типови на достава и најновиот продукт кобрендираната картичка happy во партнерство со НЛБ Банка
Првата продавница на Нептун е отворена во 1998 година во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Во 2006 година се отвораат продавниците во Градскиот стадион во Скопје, како и на репрезентативни локации во Гостивар и Тетово. Во наредниот период, компанијата продолжува да ги доближува своите услуги до купувачите од другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово во 2007 година, во 2008 година мрежата се шири во Струга, Прилеп и Битола, а во 2009 година во Штип, Струмица и Кочани. 2007-та година е значајна и по започнувањето на експанзијата на мрежата Нептун на Косовскиот пазар. 2012 година е година во која во Скопје се отвoраат двете најголеми продавници, во Аеродром и Скопје Сити Мол во Карпош. Во периодот од 2012 до 2017 година се отвораат продавници во Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Чаир, Неготино, Свети Николе и Сарај во Скопје.
Заокружувајќи го големиот јубилеј, менаџерскиот тим на „Нептун“ посочи дека заедно со своите вработени ќе продолжат да работат на подобрување на својата понуда и на зацврстување на довербата со клиентите која ја градат веќе 20 години. „Нептун“ е во сопственост на една од најголемите приватни компании во Албанија и во регионот, „Балфин груп“.