Нептун на Скопски Маратон 2019

February 2020

Нептун на Скопски Маратон 2019

На 04.05.2019 се одржа 15-тиот Скопски Маратон, оваа година најмасовен со над 12.500 учесници. Нептун и оваа година со свој "haPPy" тим учествуваше на најголемиот спортски настан во државата. Нептун на маратонот имаше вкупно 31 учесник од кои 5 се натпреваруваа на полу-маратонската трка и 26 учесници на трката од 5км. Нептун учесниците трчаа под мотото "Running makes you haPPy".

Им честитаме на сите колеги за учеството и одличните резултати!