February 2020
Во изминатата 2019 година, беа наградени најуспешните мажи во Македонија во 13 различни категории на вториот по ред официјален избор на Мажи на Годината. Меѓу наградените се најде и г-динот Арсим Папранику кој ја освои наградата за Менаџер на годината за 2019.
Успешен бизнисмен, менаџер на неколку компании во Македонија меѓу кои Скопје Ист Гејт, Нептун Македонија, Сервис Македонија и NEP Loyality. Лидер во секоја смисла на зборот. Човек кој инспирира, чија извонредна визија ја подигнува компанијата на сосема ново ниво на успех – било да е тоа зголемување на продажбата, освојување на нови пазари или имплементација на иновативни идеи – неговите резултати се навистина исклучителни.
Прочитајте го ексклузивното интервју со г-дин Арсим Папранику за Friday.mk.
Г. Папранику, добитник сте на наградата Менаџер на годината за 2019 година, награда која го отсликува вашиот личен успех во бизнисот и менаџирањето на официјалниот избор на Мажи на годината во Македонија? Што претставува оваа награда за вас?
Секако дека претставува голема чест што при многумина успешни луѓе кои се на менаџерска позиција во приватни претпријатија или акционерски друштва во земјата, наградата Менаџер на годината ми е доделена токму мене. Досега сум наградуван неколкупати од страна на Стопанските Комори за најуспешен бизнисмен, но сега првпат за најуспешен менаџер. За менаџерите не постои награда, постои само многу работа, посветеност и непроспиени ноќи. Успехот поскоро или подоцна доаѓа. За мене, Менаџер значи да знаете да одберете квалитетни човечки ресурси и да им помогнете да се развијат во професионалци. Ако ги немате вистинските луѓе со вас, не можете да сметате на никаков успех.
Благодарен сум што го имам најдобриот тим во рамките на Нептун, Сервис Македонија, НЕП Лојалити и Скопје Ист Гејт.
Од каде ја црпите инспирацијата? Што ве мотивира?
Вообичаено ме прашуваат, кој е мотивот што ме движи: едноставно им одговарам – тоа е адреналинот, енергијата која ве води од внатре.
Кој е Арсим Папранику приватно? Што најмногу сака да прави? Што го исполнува?
Човек – вљубеник во природата. Секое слободно време и викенди ги поминувам на планина и дома и во странство. Предизвик ми е да планинарам и тоа по најтешките предели, да пешачам, скијам, да уживам во погледот и свежиот воздух со пријателите и со семејството.
Како започнува приказната на Арсим Папранику?
Мојот дедо и мојот татко биле бизнисмени со традиција, но секој во различна индустрија. Јас и брат ми ја започнуваме приказната со трговија на мало со производи за бела техника ,,Eуро Медиа’’ која потоа прераснува во водечки мулти бренд ,,Нептун,, заедно со комплементарните услужни претпријатија ,,Сервис Македонија,, и ,,НЕП Лојалити,,. Најновата приказна е комплексот со повеќенаменска употреба ,,Скопје Ист Гејт,, во чија содржина се наоѓа трговски центар Ист Гејт Мол со 57.000м2 бруто површина за изнајмување и притоа ќе биде најголем центар во земјава, како и Ист Гејт Ливинг со 10 станбени згради и Ист Гејт Бизнис со 5 бизнис блокови.
Изгледот не оди без содржината. Еден комплетен маж мора да е ,,full package person”. Не секогаш првиот впечаток влијае на одлуките, но секако дава импресија.