Најдобри вработени во малопродажба за трето тромесечие во 2020г.

October 2020

Најдобри вработени во малопродажба за трето тромесечие во 2020г.

Meet our haPPy team!😊 

 Запознајте ги нашите најдобри вработени од малопродажба, кои со својата посветеност, труд и ангажираност остварија значителен придонес во работата за третото тромесечие од 2020година:

Оливера Андоноска - Нептун Кичево

работно место: референт за продажба

„Поради посветеноста кон работата, максимално фокусирана на изгледот на работната околина и секогаш дава предлози за подобрување на изгледот на продавницата; секогаш зрачи со позитивна енергија“

Александар Милованов - Нептун Кочани

работно место: одговорен на смена

„Поради самостојно наоѓање на најдобри решенија во различни ситуации; постојано дава предлози за подобрување на работата; има одлични комуникациски вештини; несебично го споделува знаењето и искуството со колегите“

Горан Штрбевски - Нептун Карпош

работно место: референт за продажба

„Поради подготвеноста да му излезе во пресрет на секој клиент и знае да го пронајде најдоброто решение за задоволување на нивните барања; секогаш спремен за решавање на било каков проблем; тимската работа и високото ниво на комуникација“


Им честитаме и им посакуваме уште поголеми успеси!