НАЈ-колешка за месец Април 2021

May 2021

НАЈ-колешка за месец Април 2021

„Нептун Кафе“ како онлајн концепт наменет за поврзување на колегите и развивање дискусии на различни теми, го започнавме во месец февруари 2021 и продолжува да се реализира секој месец. Создадовме безбеден простор за взаемно споделување, мотивирање, учење, унапредување и дружба помеѓу вработените. Ана Костовска - Менаџер за човечки ресурси, ги водеше работилниците на кои беа покриени следните теми: Добросостојба на работа, Емоционална интелигенција, Корпоративна култура.

По предлог од колегите и претходно спроведена анкета, на последната работилница прогласивме НАЈколега/НАЈколешка (од дирекцијата на Нептун) која шири најпозитивна енергија за месец Април, а тоа е колешката Бисера Стојкоска, која работи на позицијата Офицер за корпоративна усогласеност. 

И честитаме на Бисера за оваа убава титула и и посакуваме да продолжи и понатаму да шири позитивна енергија.

За тоа како таа го доживеа ова признание од страна на колегите, во изјавата подолу:

„Позитивниот став предизвикува верижна реакција на мисли, настани и резултати. Тоа е катализатор и ослободува извонредни резултати”.-Вејд Богс.

Јас тргнувам од тоа дека позитивниот пристап кон работите може да ни донесе позитивни резултати. Но она што е најважно е да се тргнат негативните мисли и истите да се заменат со позитивни планови.

Да се биде позитивен не е доволно да се има само насмевка на лицето. Туку да се зрачи со позитивна енергија во средината во која сме присутени, да се има позитивен пристап кон работите, да се има развиен оптимистички дух, да си ведар, бидејќи сите сме се соочиле со лоши моменти во животот и со тешкотии кои ако ги третираме како дел од животот може да станат пат кон успехот." - Бисера Стојкоска