October 2021
Согласно процесот на евалуација за третото тромесечие од 2021 година, ги прогласивме најдобрите тројца вработени во малопродажба. По што се издвоија овие вработени, дознајте во текстот во продолжение:
Јелица Богданова - Нептун Карпош
работно место: референт за продажба
Највисоки оценки за: одличната комуникација, им помага на клиентите да го направат најдобар избор; приоритет за нејзе се клиентите, да се задоволни од услугата и производот кој им е понуден; самостојно ги решава проблемите на клиентите во врска со производите, дава конструктивни предлози за подобрување на работата
Пеце Спировски - Нептун Битола
работно место: референт за продажба
Највисоки оценки за: услугата е секогаш на највисоко ниво, често добива пофалби од клиенти; одлично презентирање на производите проследено со темелно објаснување на карактеристиките; одличен тимски играч, несебично го споделува знаењето со колегите
Ивица Цековски - Нептун Крива Паланка
работно место: одговорен на смена
Највисоки оценки за: зададените задачи ги извршува квалитетно и со максимална посветеност, ги анализира можните опции за подобрување во различни сегменти од процесот; располага со големо знаење кое ефикасно го користи во работата; наоѓа соодветни решенија за потребите на клиентите;
Им посакуваме и понатамошни успеси во работата!!!