Најдобри вработени во малопродажба за втор квартал 2021

August 2021

Најдобри вработени во малопродажба за втор квартал 2021

Согласно процесот на евалуација за второто тромесечие од 2021 година, ги прогласивме најдобрите тројца вработени во малопродажба. По што се издвоија овие вработени, дознајте во текстот во продолжение:

Ајтен Реџепи - Нептун Аеродром

работно место: Референт за наплата и кредитирање

Поради услуга на високо ниво која резултира со задоволни клиенти кои се враќаат во салонот за идни консултации; комуникативна и љубезна кон клиентите; високо ниво на самоиницијатива, тимски играч ценета од колегите; секогаш спремна да им помогне на колегите


Александра Тренчовска- Нептун Гевгелија

работно место: Одговорен на смена

Секогаш средена и се грижи да изгледот на продавницата да биде на највисоко ниво; дава предлози за подобрување на работата; несебично им помага на колегите со совети и примери


Небојша Велковски- Нептун Тетово

работно место: Референт за продажба

Ги надминува очекувањата во работата, задачите ги извршува квалитетно и пред зададениот рок; одлични комуникациски вештини, комуницира на јасен и ефективен начин, целосно се посветува на потребите на клиентите, ги води низ продажба предлагајќи најсоодветни решенија;

 

На сите колеги им посакуваме и понатамошни успеси во работата!