Најдобри вработени во малопродажба за четврт квартал 2021

February 2022

Најдобри вработени во малопродажба за четврт квартал 2021

За последното тромесечие од 2021 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставува пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:

Анета Андова - Нептун Велес

работно место: референт за продажба

Посветува големо внимание кон клиентите и се однесува со почит

кон нив; пријателски однос со колегите и секогаш подготвена за

тимска работа; самоицијативно превзема голем број задачи и

успешно ги решава; прецизна и точна во извршување на

работните задачи


Ибраим Џафери - Нептун Аеродром

работно место: одговорен на смена

Одлично познавање на работата што ја извршува, има

догогодишно искуство и стекнато знаење кое го пренесува на

неговите колеги; целосно е посветен кон услугите што им ги нуди

на муштерии, комуницира јасно и прецизно; самоиницијативата

му е на највисоко ниво над очекувањата, постојано има работи

што ги извршува самоиницијативно, предизвиците ги решава

самостојно и без проблем


Никола Стоев - Нептун Кавадарци

работно место: референт за продажба

Одличен во извршување на работните задачи, секогаш е тука за

да се понуди да помогне во било која ситуација и задача;

вложува голем труд изложбениот салон секогаш да има што

подобар изглед; поседува тимски дух, ведар и секогаш спремен

за нови предизвици


Им честитаме и им посакуваме понатамошни успеси во работата!