Најдобри вработени во малопродажба за втор квартал 2022

August 2022

Најдобри вработени во малопродажба за втор квартал 2022

За второто тромесечие од 2022 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат: 

Ленче Манева - Нептун Струмица

работно место: одговорна на смена

Oдлични комуникациски вештини, секогаш комуницира на јасен,ефективен и концизен начин; со својот пример го поттикнуватимскиот дух меѓу колегите; несебично го споделува знаењето соновите колеги, еден од столбовите на Нептун Струмица

Абдураим Рамадан - Нептун Стадион

работно место: референт за продажба

Работните задачи ги извршува точно, прецизно и на високо ниво,максимално се посветува на зададените задачи; одличнакомуникација, секогаш јасен, на време и точен во комуникацијаи со колегите и со клиентите; поединец кој многу допринесува затимската работа во продавницата

Ивица Димитриески - Нептун Тетово

работно место: одговорен на смена

Ги надминува очекувањата, задачите ги завршува квалитетно идава предлози за подобрувања; ги анализира целоснопроблемите и користи методи за наоѓање на адекватнирешенија; целосно одговара на барањата на клиентите, ги водиниз продажбата користејќи ги целото свое искуство и знаење.

Им посакуваме и понатамошни успеси во работата.