May 2022
За првото тромесечие од 2022 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Алмир Весели- Нептун Автокоманда
работно место: референт за продажба
Работните обврски ги извршува на високо ниво, навремено и квалитетно; лесно се снаоѓа во проблематични ситуации и изнаоѓа решенија; одлична комуникација со колегите, ја поттикнува тимската работа
Ангел Јанев - Нептун Гевгелија
работно место: референт за продажба
Клиентите се секогаш на прво место во секој сегмент од неговото работење; тимски играч; има голема самоиницијатива; задачите ги извршува брзо, квалитетно и навремено; секогаш се труди работната средина да биде во најдобро можно светло
Александар Нејкоски - Нептун Охрид
работно место: одговорен на смена
Изнаоѓа решенија на ситуациите за да имаме задоволни клиенти; посветува големо внимание на потребите на клиентите, ги води низ чекорите на продажбата, ги испитува потребите и предлага соодветни решенија; несебично го споделува знаењето со вработените
Им посакуваме и понатамошни успеси во работата!