Најдобри вработени во малопродажба за трет квартал 2022

October 2022

Најдобри вработени во малопродажба за трет квартал 2022

За третото тромесечие од 2022 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат: 

Ване Данилов- Нептун Неготино

работно место: одговорен на смена

Има јасна и убедлива комуникација, сигурен дијалог кој им влева сигурност на клиентите; максимално посветен на задачите, секогаш тимски настроен со цел полесно и побрзо завршување на работните обврски.

Горан Стојковски- Нептун Велес

работно место: референт за продажба

Навреме и прецизно ја извршува секоја зададена задача; одлични комуникациски вештини, како со купувачите така и соколегите; работи тимски и се стреми кон заеднички успех натимот; услужлив и насмеан, со позитивен став кон клиентите.

Суат Саити- Нептун Автокоманда

работно место: референт за продажба

Услугата и е на високо ниво и клиентите лесно го разбираат и комуницираат; одлична соработка со колегите, ја потикнуватимска работа; има големо познавање на работата и истото го користи за да ја пренесе на помладите колеги за полесно да се вклопат во работниот процес.

На колегите им посакуваме и понатамошни успеси во работата.