February 2023
За последното тромесечие од 2022 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Соња Крстаноска - Нептун Струга
работно место: референт за продажба
Одлични комуникациски вештини; секогаш ги исполнува своите обврски без разлика на обемот и предизвиците со кои се соочува, беспрекорна во изработката на кредити, брзо и ефикасно работење на каса; без потешкотии наоѓа решенија за евентуалните ситуации; одлично функционира во тимот и колегите имаат голема доверба во неа;
Влатко Врглески- Нептун Прилеп
работно место: референт за продажба
Целосно посветен да пронајде решение за потребите и барањата на клиентите; комуницира јасно и прецизно; внимателно и со разбирање ги слуша клиентите; лесно се снаоѓа во секакви ситуации и изнајдува соодветни решенија; пример за тимска работа, има одлично познавање на работата
Менсур Реџепи - Нептун Чаир
работно место: одговорен на смена
Максимално услужлив и љубезен; поседува јасна и отворена комуникација; тимски играч кој ја поттикнува тимскиот дух; решава секаков вид на проблеми со цел беспрекорно функционирање на продажниот салон; со својата посветеност и лојалност, претставува пример за останатите колеги.
Им честитаме на сите колеги и им посакуваме и понатамошни успеси во работата!