Дедо Мраз во Нептун 2023

December 2022

Дедо Мраз во Нептун 2023

Во пресрет на Новата 2023 Година  Дедо Мраз ги посети нашите продавници и им приреди слатко изненадување на најмалите.

Колегите од 26те продавници и од канцелариите на управната зграда, му посакаа срдечно добредојде на Дедо Мраз, а најмалите ги споделија своите желби за Новата година и си добија подароци. Во топла празнична атмосфера, со многу детски насмевки ја испраќаме старата и со нетрпение ја очекуваме Новата Година!

На сите им посакуваме Среќни празнични денови и Нова година исполнате со многу здравје, среќа, успех и убави моменти поминати со најблиските!!!