Најдобри вработени во малопродажба за прв квартал 2023

May 2023

Најдобри вработени во малопродажба за прв квартал 2023

За првото тромесечие од 2023 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:

Снежана Иваноска - Нептун Охрид

работно место: референт за продажба

Има јасна комуникација со клиентите и детална презентација на производите; лесно изнаоѓа решенија и методи во зависност од ситуацијата за да обезбеди задоволни клиенти; пример за тимска работа и високо ниво на самоиницијатива;

Светлана Стојческа - Нептун Аеродром

работно место: одговорна на смена

Ги надминува очекувањата, секоја работна задача е квалитетно и навремено завршена; целосно е посветена на услугата кон клиентите, секогаш го нуди најдобро решение за потребите на клиентот; работи на надградување на знаењето и несебично го споделува со колегите;

Цветанчо Гаралоски - Нептун Битола

работно место: референт за продажба

Самоиницијативно дава предлози за подобрување на работата во продавницата; ненаметливо и смирено изнаоѓа најдобри решенија за потребите на клиентите; одлична комуникација со колегите и клиентите, јасно и концизно ги презентира информациите;


Им честитаме на сите колеги и им посакуваме и понатамошни успеси во работата!