Најдобри вработени во малопродажба за втор квартал 2023

August 2023

Најдобри вработени во малопродажба за втор квартал 2023

За второто тромесечие од 2023 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:

Ивана Карамитрова - Нептун Гевгелија

работно место: референт за продажба

Услугата кон клиентите е на највисоко ниво; презема и повисоки одговорности, додека отсуствува лидерот; работата ја извршува перфектно и совесно; тимски играч и секогаш се труди да им помогне на колегите;

Дарко Дејаноски - Нептун Тетово

работно место: референт за продажба

Ги надминува очекувањата, задачите ги извршува квалитетно и дава предлози за подобрување; има одлични комуникациски вештини со сите, како со колегите така и со клиентите; целосно одговара на барањата на клиентите, ги води низ продажба користејќи го целото свое искуство и знаење;

Пандо Вановски - Нептун Карпош

работно место: референт за продажба

Одлична услуга и комуникација со клиенти, извршува одлична продажба, посебно продажба на таргетирани артикли; решава проблеми од типот нејаснотии кај клиентот, добро го менаџира тој дел; секогаш тимски настроен, поседува голема самоиницијатива;


Им честитаме на сите колеги и им посакуваме и понатамошни успеси во работата!