February 2024
За последното тромесечие од 2023 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Иљир Есати – Нептун Тетово
работно место: референт за продажба
Применува соодветни методи во различни ситуации, целосно ги анализира проблемите и изнаоѓа одлични решенија; неговото однесување во контекст на работењето во продавница е личен пример за тимска работа; се посветува на потребите и барањата на клиентите, ги води низ продажба користејки го свое знаење и искуство;
Гордана Танчевска-Јанчевска - Нептун Битола
работно место: референт за продажба
Висока самоиницијатива, секојдневно при работата се труди да го надградува знаењето; настанатите ситуации при работењето на каса и останатите посложени предизвици ги решава самостојно и без потреба од надзор; целосно посветена кон задоволството на клиентите, јасна презентација, секогаш ги нуди дополнителните услуги на компанијата;
Столе Паунов – Нептун Автокоманда
работно место: референт за продажба
Работните задачи ги извршува квалитетно и на завидно ниво; тимски играч кој секогаш е спремен да помогне на колегите; при комуникација клиентите лесно го разбираат и услугата му е на највисоко ниво, често добива усни и писмени пофалби од клиентите;
Им честитаме на сите колеги и им посакуваме и понатамошни успеси во работата!