November 2023
За третото тромесечие од 2023 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Фатмир Шабани - Нептун Карпош
работно место: референт за продажба
Одлична услуга и комуникација со клиенти на највисоко ниво, одлично познавање на техничките карактеристики на производите, знае како најдобро да им ги презентира на клиентите; на едноставен начин ги решава сите прашања на клиентите; тимски настроен, има одлична комуникација со колегите, голема самоиницијатива;
Петре Трипчев – Нептун Кавадарци
работно место: референт за продажба
Детален при презентацијата, дава практични примери со цел на клиентите да им биде јасен секој аспект на производот; изнаоѓа начини како клиентите да бидат задоволни и реално со тоа повторно да се вратат и ја посетат продавницата; секогаш спремен и на потребното ниво за било која работна обврска;
Иса Демири – Нептун Куманово
работно место: референт за продажба
Целосно е посветен кон услугите што им ги нуди на самите муштерии, ги запазува и целосно им ги пренесува сите услуги што ги нуди нашата компанија; секогаш има соодветно решение за секаков проблем кој е настанат; комуникацијата е на највисоко ниво како со муштерии така и со колеги во деловната единица;
Им честитаме на сите колеги и им посакуваме и понатамошни успеси во работата!