July 2024
Продолжуваме да ги градиме нашите луѓе и да отвораме одлични кариерни можности за раст и развој!
И во второто тромесечие оваа година имаме дури 10 нови унапредувања на повисоки позиции!
Вложувањето во интерниот капацитет на вработените, преку многубројни обуки, работа на интерсекторски проекти, менторство, дигитални интерактивни алатки за учење, се еден од главните приоритети на компанијата.
Горди сме што создаваме и одржуваме средина која овозможува и поттикнува раст и развој на секој вработен. Упорноста, посветеноста, иновативноста, личната иницијатива, тимската соработка и лојалноста се вредностите кои допринесуваат за остварување на заедничката визија, личен успех и компаниски успех. Секој од овие колеги се пример за лидерство и посветеност, а и инспирација за останатите да продолжат да ги следат овие примери.
Им честитаме на сите колеги за нивните заслужени успеси!
Ова се колегите кои се унапредени на нови позиции:
Ахмет Рамадан
Елена Белшоска
Менсур Реџепи
Рамиз Рача
Билјана Николиќ
Марија Ристовска
Бисера Стојкоска
Бљеранта Спахиу
Даут Љачка
Ненад Спироски