Најдобри вработени во малопродажба во вториот квартал од 2024 год.

July 2024

Најдобри вработени во малопродажба во вториот квартал од 2024 год.

За второто тромесечие од 2024 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:

Десана Арабаџиева - Нептун Струмица 

работно место: референт за продажба 

Многу позитивна, културна и одмерена кон секој клиент, претставаува пример како треба да биде секој вработен; секогаш има самоиницијатива и се труди да дава идеи кои би биле корисни за продавницата; одлични комуникациски вештини, јасна и прецизна при комуникација со клиентите;

 Васуф Јусуфи – Нептун Куманово

 работно место: референт за продажба 

Целосно одговара на барањата на клиентот, го води низ продажбата предлагајќи му најсоодветни решенија; внимателно слуша, комуницира на јасен, ефективен, навремен и концизен начин; со неговото однесување ја поттикнува тимска работа, менторира и го споделува знаењето со колегите; 

Маргарета Алексоска-Димовски – Нептун Аеродром 

работно место: oдговорна на смена 

Ги надминува очекувањата, секоја работна задача е квалитетно завршена од нејзина страна, позитивно влијае на останатите колеги; комуникација на највисоко ниво, како со клиенти така и со колеги; комуникацијата и е јасна, навремена и убедлива; целосно посветена на услугата кон клиентите, прави целосна анализа на барањата секогаш дава одлични решенија; 


Им честитаме на сите и им посакуваме понатамошни успеси во работата!