Најдобри вработени во малопродажба во првиот квартал од 2024год.

May 2024

Најдобри вработени во малопродажба во првиот квартал од 2024год.

За првото тромесечие од 2024 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:

Александра Спиридонова - Нептун Велес

работно место: референт за продажба

Постојано го надградува своето знаење и добива позитивни коментари од клиентите; брзо и лесно се справува со проблемите во текот на работење; има позитивен став, и придонесува за пријатна атмосферата на работното место; висока самоиницијатива, точно и прецизно ги извршува работните задачи;

Кристијан Шоповски – Нептун Стадион

работно место: референт за продажба

Ги надминува очекувањата, секоја задача е точно и навремено завршена; постојано се фокусира кон подобрување на тимската работа; одлични комуникациски вештини, секогаш јасен и прецизен при презентациите;

Ристе Динов – Нептун Гевгелија

работно место: oдговорен на смена

Тимски играч со високо ниво на самоиницијатива; секогаш се труди да даде најдобра услуга; комуникација на највисоко ниво како со клиентите така и со колегите;

Им честитаме на сите колеги и им посакуваме понатамошни успеси во работата!