February 2025
За последното тромесечие од 2024 година ги прогласивме тројцата најуспешни колеги во малопродажба. Нивното залагање и посветеност кон работата претставуваат пример за останатите колеги. Еве по што тие се издвојуваат:
Сузана Стаменковска – Нептун Крива Паланка
Работно место: Референт за продажба Пример за професионализам и прецизност во извршувањето на работните задачи; внимава на својот изглед и работната околина, секогаш одржувајќи ја уредна и средена; успешно решава проблеми и наоѓа адекватни решенија; комуникативна, отворена и секогаш подготвена за презентација и соработка со клиентите; покажува самоиницијативност и постојано ги надградува своите продажни вештини; одличен тимски играч, колегијална и посветена на добрата атмосфера во тимот; клиентите секогаш ги става во фокусот, осигурувајќи квалитетна услуга и професионален однос; поседува високо ниво на знаење за производите и ги презентира со голема стручност.
Рубинчо Андоноски - Нептун Прилеп
Работно место: Референт за продажба Прецизен и темелен во извршувањето на работните задачи, секогаш проактивен со предлози за подобрување на работата; одржува уреден и професионален изглед; комуникациски вештини на високо ниво, со јасен и ефективен пристап што носи позитивни резултати; ги исполнува очекувања и постојано се стреми кон унапредување на своето знаење; одличен ментор кој несебично споделува знаење со колегите; ги почитува барањата на клиентите и наоѓа соодветни, избалансирани решенија што водат до одлична услуга.
Љубица Смиљанова - Нептун Карпош
Работно место: Референт за наплата и кредитирање Се истакнува со својата прецизност и навременост во извршувањето на работните задачи, секогаш почитувајќи ги правилата за изглед и работна околина; вешта во решавање на проблематични ситуации на каса, помага на колегите во разјаснување на нејаснотии и успешно детектира и коригира грешки; комуникативна, секогаш демонстрира високо ниво на професионалност; услугата кон клиентите ја изведува на највисоко ниво, со јасен и прецизен пристап; ги познава сите процедури и обврски поврзани со работата на каса, што ја прави непроценлив член на тимот.
На колегите им посакуваме понатамошни успеси во работата.