June 2025
Јубилејни награди 2025 – Со гордост ја славиме лојалноста!
На 09.06.2025, во прекрасниот амбиент на винаријата Попова Кула, Нептун Македонија со голема чест им додели јубилејни награди на 15 вработени кои ја обележаа својата 10-та, 15-та и 20-та година во нашето големо корпоративно семејство. 🍷🌄
Овие луѓе не се само дел од тимот – тие се дел од нашата приказна, од нашите достигнувања, од вредностите што ги градиме секојдневно. Нивната посветеност, професионализам и доверба се темелот врз кој Нептун го гради својот успех повеќе од две децении.
🎁 Со јубилејните награди сакаме да изразиме искрена благодарност – не само за бројките, туку за секој вложен ден, секоја идеја и секоја поддршка што ни овозможи да растеме заедно.
Благодариме што сте со нас. Продолжуваме уште посилни, како едно! 💙