💙 „Супер мајки 2026!“

April 2026

💙 „Супер мајки 2026!“

На 03 април се одржа петтото издание на годишниот настан „Супер мајки“ посветен на нашите колешки – мајки на мали деца и идни мајки. Ден исполнет со смеа, искреност, поддршка и многу инспирација.

Зборувавме за улогите што ги носиме, за вредностите што нè водат, за предизвиците и радостите на мајчинството. Учевме како да ги поставуваме нашите граници, како да се балансираме помеѓу домот и работата, па дури и како вештачката интелигенција може да ни помогне да бидеме попродуктивни и да имаме повеќе квалитетно време со нашите деца. 🧡

Креиравме лични vision boards, поставивме цели и си подаривме моменти на поврзување.

Фидбекот беше 💯 – полн со благодарност, емоции и инспирација.

Големо браво за сите наши Супер мајки! 💙✨ Продолжуваме да градиме компанија која вистински се грижи за своите луѓе.