5 совети за почетници/прaктиканти: Kако да оставите впечаток на вашата прва работа

May 2020

5 совети за почетници/прaктиканти: Kако да оставите впечаток на вашата прва работа



На прагот сте до дипломирање или матурирање. И што понатаму? Со овие пет практични совети сигурно ќе имате одличен почеток во првата година на работа


Честитаме! Ги завршувате последните испити или средното образование и се подготвувате за нова етапа во живот. На малку невообичаен начин оваа генерација ќе ја заврши годината, без големи прослави и фешти, но новото секојдневие за секого носи нови предизвици, нови вредности и навики, со што ќе развиете поголема свесност и одговорност кон себе и кон останатите.  Навистина ви претстои возбудлив период, со многу промени и несомнено многу непознати работи.

Формалното образование за жал ве нема научено што значи работа во  „реалниот свет“, а со тоа ќе се соочите и на работа. Доколку имате среќа да добиете соодветно воведување во работата тоа би било одлично. Но, не секој од вашите нови колеги ќе биде расположен да ви даде објаснување за сé што ќе ве интересира. Поради тоа во прво време може да се чувствувате како да сте „фрлени во оган“.

Еве 5 совети кои ќе ви дадат правилна насока и ќе ви помогнат да се истакнете во првата година како почетник:

  • Два пати проверете ја е-маил пораката пред да ја испратиш

Најверојатно не очекувате е-поштата може да ви ја уништи кариерата, но одредени грешки сепак оставаат негативен впечаток. За да го избегнете ова, внимателно проверете ја и два пати прочитајте ја пораката пред да кликнете „испрати“. Внимавајте на правописот, не оставајте вишок места во текстот, правилно насловете, бидете сигурни до кого и како ја испраќате електронската пошта.

To…, Cc… овозможуваат точно да се означи пораката, кое лице во пораката треба да преземе дејствие, а кое само да биде информирано.

To… > се однесува на лица кои се директно засегнати и/или од кои се бара да се преземе дејствие. Доколку сакате некој нешто да направи, ставете ја неговата адреса во To…

Cc… > се однесува на лица кои треба да се запознаат со содржината на пораката, но не се директно иволвирани. Лицата не треба да преземат дејствие ниту да одговорат на пораката, туку да бидат само информирани.

Сите правиме грешки и учиме од нив, но одредено ниво на подготовка и внимание кон детали ќе ви помогнат да ја заштитите и унапредите својата кариера.

  • Одговарајте на пораките

Иако нешто не можете веднаш да го завршите, одговорете кратко на одредено барање, порака или телефонски повик. Датеј им до знаење дека сте ја примиле нивната порака и дека ќе им одговорите со повеќе информации. Не мора веднаш да го пратите одговорот, но треба да наговестите кога би можеле да го очекуваат. Доколку не одговрите, оставате впечаток дека сте неодговорни или дека ја игнорирате пораката, иако можеби веќе работите на задачата.

  • Побарајте помош за приоритизирање за работните задачи

Не обидувајте се да погодувате што е приоритетно да се заврши – едноставно прашајте!

Побарајте детали за тоа што се очекува и до кога е рокот. Менаџерите можеби не се запознаени со сите ваши задачи кои треба да ги завршите во текот на денот или во текот на неделата. Бидете сигурни дека ви се разјаснети сите ваши одговорности и приоритети за да можете да ги исполните очекувањата.

  • Поставувајте релевантни прашања, но бидете снаодливи

Секогаш воодушевуваат вработени или практиканти кои се обидуваат да направат сé што можат за да дојдат до одредена информација, одговор, или пак сами да дојдат до одредени сознанија пред да отидат кај своите претпоставени само со прашања. Тоа ја отсликува нивната снаодливост и иницијативност. Прашањата се важни, но исто така е важно во својата работа колку што можете самoстојно да дојдете до одредени решенија. Совет: често користете Google

  • Преземете иницијатива

Најдобрите вработени или практиканти одат чекор понапред од она што е побарано од нив. Тоа не значи дека треба да работите по цел ден и цела ноќ, но делува импресивно (и корисно) кога некој ќе забележи одредена празнина која треба да се пополни, а потоа презема иницијатива, односно предлага решение или дури и акционен план како да се надмине јазот.


Слично како и промените со кои се соочувавте на почетокот на вашето средно или високо образование, ви претстои период на промени и прилагодување на тимот и работната средина. Затоа, подгответе се за успешен старт, и очекувајте ги плодовите од успехот подоцна.

Честитки матуранти и дипломци и добредојдовте во „професионалниот свет“!