Balfin Volley International Championship 2023

October 2023

Balfin Volley International Championship 2023

Дружење кое долго ќе се памети! Незаборавно доживување и заедништво со колегите, убави емоции, борбеност и тимски дух. 🏆🏐🏅

Одбојкарски тим од @Neptun @East Gate Mall @East Gate living се натпреваруваше во финалните натпревари на Balfin Volley International Championship 2023.

На купот земаа учество најдобрите тимови во рамки на BALFIN Group, по претходни квалификациски натпревари. Им честитаме на овогодинешните победници Jumbo Montenegro!

Оваа активност ангажира околу 250 вработени во Групацијата, а веќе неколку години БАЛФИН го организира финалето на едно од најдобрите спортски терени во Албанија. Организаторите се потрудија да приредат одлична атмосфера и забава за сите присутни. Овој шампионат е од големо значење за Групацијата BALFIN и за Нептун, бидејќи покрај дружењето и зајакнувањето на тимскиот дух кај вработените, како и промовирањето на здрав начин на живот, најдобро се отсликува на една од основните вредности на Групацијата – „Соработка“.

„Беше едно големо искуство да учествуваме и да се подготвиме за турнирот. Иако немавме интензивни тренинзи, успеавме да се организираме за предизвиците кои нè очекуваа.

На турнирот се соочивме со многу квалитетни екипи, впрочем игравме со минатогодишниот шампион Нептун Косово и еден од најдобрите тимови на овој турнир, финалистот Акрем. Натпреварите беа тешки, но ни дадоа можност да се зближиме како тим и да играме заедно под притисок. И во двата натпревари успеавме да добиеме сет во крајно неизвесна атмосфера, особено во натпреварот против Акрем каде се вративме од негатива од 10 поени и го добивме сетот. Ова дополнително не мотивираше за следниот турнир да бидеме уште подобри. Во секој случај, уживавме во фер играта и заедничката љубов кон спортот.

Горди сме на тимот и на тоа што го постигнавме, воедно сме возбудени и со нетрпение ги чекаме идните турнири и предизвици!

Спортски поздрав! -Одбојкарски тим Балфин Македонија“