Нептун на Balfin Volley International Championship

October 2022

Нептун на Balfin Volley International Championship

Дружење кое долго ќе се памети! Незаборавно доживување и заедништво со колегите, убави емоции, борбеност и тимски дух. 🏆🏐🏅

Одбојкарски тим од Нептун Македонија се натпреваруваше во финалните натпревари на Balfin Volley International Championship, каде што ја понесе титулата “Fair Play Team”. 

На купот земаа учество најдобрите тимови во рамки на BALFIN Group - Нептун Албанија, Нептун Косово, Нептун Македонија и Акрем, по претходни квалификациски натпревари. 

Оваа активност ангажира околу 250 вработени во Групацијата, а веќе неколку години БАЛФИН го организира финалето на едно од најдобрите спортски терени во Албанија. Организаторите се потрудија да приредат одлична атмосфера и забава за сите присутни. Овој шампионат е од големо значење за Групацијата BALFIN и за Нептун, бидејќи покрај дружењето и зајакнувањето на тимскиот дух кај вработените, како и промовирањето на здрав начин на живот, најдобро се отсликува на една од основните вредности на Групацијата – „Соработка“.

Честитки за победничкиот тим од Нептун Косово и на сите останати за одличната игра👏👏👏