February 2020
На 14 и 15 Мај 2019год. во Велес, се организираше работилница на која учествуваа 30 вработени од сите продажни салони на Нептун во Македонија.
Согласно оценувањата на учинокот на вработените, секое тромесечие се одбираат тројца најдобри вработени во малопродажба на ниво на цел Нептун. Исто така, најистакнатите вработени од секој продажен салон во текот на цела 2018 год. беа поканети и зедоа учество на оваа работилница.
На настанот имаше размена на идеи за унапредување на процесите во продажбата, изнаоѓање решенија, откривање на потешкотии на кои треба да се дејствува или на кои компанијата треба да се насочи кон нивно решавање.
Дводневниот настан покрај работниот дел, имаше и неформален дел дел за забава и јакнење на тимскиот дух.