🏆BEST FOR BETTER🏆

30 November 2020

🏆BEST FOR BETTER🏆

BEST FOR BETTER РАБОТИЛНИЦА

Во ноември оваа година, сега веќе традиционално по втор пат се одржа „Best for Better“ работилницата.

Самото име на настанот означува дека најдобрите работат за уште подобро, што всушност е и неговата цел. Учесници беа најдобро евалуираните вработени од малопродажба за 2019 година од сите продажни салони на Нептун. Во директна комуникација со највисокото раководство на Нептун, тие споделија искуства и идеи, и работеа на предлози за унапредување на работните процеси во компанијата. Секој од нив учествуваше во групна brainstorming сесија и на крајот се издвоија повеќе добри идеи кои ќе придонесат за подобрување на работењето и зголемување на задоволството кај клиентите.

За разлика од минатогодишното дружење, оваа година поради настанатата здравствена ситуација и грижа за јавното здравје, немаше друг избор освен работилницата да се одржи онлајн.

Веруваме дека  до наредната работилница оваа вонредна ситуација ќе биде зад нас и дека ќе ја одржиме во нормални услови, со можност и за дружба и забава опкружени со луѓето со кои работиме. Дотогаш оставаме фотографиите и изјавите од колегите да раскажат повеќе за овој настан...


„Настан со одлично искуство. Шанса за учење нови работи, запознавање и тимска работа со колегите од целата компанија. Чест и задоволство е да се биде дел од Нептун, каде секој еден е важен 🙂“ 

Светлана Стојческа - Нептун Стадион

„Одлична беше идејата за организирањето на ваков вид на работилница, каде што се споделија разни мислења од различни сектори на продажба, и имаше различни предлози и идеи од сите учесници. Со ваквите работилници се зголемува продуктивноста кај сите вработени затоа што споделуваат различни мислења и искуства за новитети во работењето на фирмата.“ 

Бобан Дојовски - Нептун Карпош


„Веќе подолг период ми е чест и задоволсво што сум дел од тимот на НЕПТУН, особено што бев дел од BEST FOR BETTER. Настан каде што споделувавме заеднички цели, искуства и интереси во секојдневното работење. Од тимската работа произлегуваат добри резултати а НЕПТУН ИНСПИРИРА РАДОСТ.....АЈДЕ!😄“ 

Софија Павлова- Нептун Велес