Работилница „Best for Better"

December 2021

Работилница „Best for Better

✨„Нема тајни за успехот. Тој е резултат на подготовка, напорна работа и учење од неуспех.“

🏆🏆На 07.12.2021 год., се одржа традиционално работилницата Best for Better, на кои учествуваа 26 вработени од сите продажни салони на Нептун во Македонија.

Согласно оценувањата на учинокот, вработените кои континуирано во текот на целата година даваат максимум во остварување на целите, работат со посветеност и се трудат секој ден да бидат сѐ подобри во својата работа и воедно претставуваат поддршка инспирација за останатите колеги, и оваа година земаа учество во работилницата Best for Better.

Оваа година гостин и модератор на настанот беше Михаил Китановски од D2EM Consulting, кој што со помош на техниките на „Колаборативната интелигенција во продажбата“ кај учесниците поттикна голем интерес и мотивација за унапредување на продажните вештини и за креирање на уникатно искуство кај купувачите.

Вработените искусија едно поинакво доживување и со себе понесоа поголемо знаење, поголема самодоверба и техники со кои го поттикнаа лидерот во себе.

Честитки за сите колеги и уште поголеми успеси во иднина!