Седи дома - Освежи го твоето CV

March 2020

Седи дома - Освежи го твоето CV

Моменталната ситуација со вирусот Covid-19 на повеќето ни наложува да сме дома, да се посветиме на себеси и да ги завршиме работите кои сме ги оставале на страна бидејќи сме немале доволно време за нив. За оние кои што се во потрага по работа претставува идеално време за освежување и ажурирање на своето CV, мотивационо писмо, како и за подготовка за интервју.

Професионална биографија

 Професионалната биографија или CV-то треба да ве отсликува вас, вашето искуство и способности. Запаметете дека вашиот прв контакт со посакуваната компанија и првиот впечаток за вас, се случува преку CV-то кое го испраќате. Имајте предвид дека Специјалистите за регрутација посветуваат 2-5 секунди пред да го префрлат вашето CV во следната фаза или да ве дисквалификуваат. Затоа, прегледајте го уште еднаш вашето CV и проверете дали ги има сите потребни информации, почнувајќи од:

  • вашите лични информации (контакт информации и образование)
  • краток опис за вас (summary)
  • информации за вашето искуство (без разлика дали е формално или неформално)
  • неформално образование, едукации и обуки кои сте ги посетиле
  • вештини кои ги поседувате
  • интереси и хобија

Ова се неколкуте главни елементи кои треба да ги содржи вашата биографија, а при тоа треба да биде прегледна, лесно читлива и визулно восприемлива.

Вашите квалификации/искуство се најважни и затоа потрудете се накратко да ги сумирате работните задачи кои што сте ги работеле, а што се сродни со барањата на позицијата за која што аплицирате. Доколку не поседувате сродно формално искуство, а сте биле вклучени во одредени волонтерски активности, неформални здруженија или пак сте посетувале одредени курсеви преку кои што сте ги развиле бараните способности, ставите фокус на тој дел. На тој начин регрутерот ќе ја препознае вашата мотивација за позицијата.

Покрај содржината, многу важен е визуелниот изглед или дизајн на вашето CV. Според одредени светски статистики само 2% од вкупниот број на CV-ја поминуваат во следната фаза, во која ќе бидат повикани на интервју.

Биди и ти во тие 2%

Денес, со достапноста на интернетот многу е лесно да го постигнете тоа и да креирате CV кое ќе ве издвои од останатите и ќе ви овозможи да се презентирате и лично. Не мора да поседувате дизајнерски способности за да изгледа вашето CV како да е изработено од страна на дизајнер. На интернет постојат многу апликации  (CV builders), а ова се некои од нив: www.resume.io, www.zety.com, www.cv-template.com итн. Исто така и во MS Office (Word) пакетот може да се најдат интересни темплејти за изработка на CV.

Ова се неколку примери за впечатливи биографии:

На овој начин дефинитивно ќе го привлечете вниманието на регрутерот и секако вашите шанси за да го добиете посакуваното вработување се многу големи. Ви посакуваме добро здравје и успех!