БЕКО Обука за готвење и технологија - Eat like a pro!

February 2020

БЕКО Обука за готвење и технологија - Eat like a pro!

И оваа година традиционално БЕКО организираше обука за нашите вработени, нашите соработници и партнери. Обуката се оддржа од 22-25.04.2019 во Охрид. Обуката на тема "Eat like a pro" имаше за цел на интерактивен начин да се претстави напредната технологија на БЕКО апаратите за готвење на храна со акцент на припремата на здрава храна. Учесниците имаа можност да учат од најдобрите во регионот како да приготват здрави оброци на лесен и едноставен начин со помош на апаратите за бела техника на БЕКО.

Напредната технологија за готвење на здрава храна ја презентираше Слободан Прпош - Тренер за технологија и продажба на БЕКО.

Рецептите за храна и начинот на готвење ги презентираше познатиот Шеф Јовица Јовичиќ.

На Обуката се обрати и Горан Цветинов - Генерален директор на Нептун Македонија. Тој на присутните им ја потенцираше важноста од познавањето на технологијата кај апаратите за готвење и нивната можност за приготвување на здрава храна при продажбата. "Современиот начин на живот налага да луѓето имаат се помалку време за готвење на здрава храна во домот. Новата технологија нуди брз и едноставен начин како сето тоа да се промени. Ние како лидери на пазарот мора на нашите потрошувачи да им ги презентираме сите можности на современата технологија и нејзиното влијание врз начинот на водење на поздрав живот и поздрава храна во домот."

Нептун Македонија и БЕКО ги поддржуваат и поттикнуваат здравите навики кај своите клиенти, нудејќи врвно уживање при подготовка на храната!