Заедно haPPy 🥳🥳

July 2021

Заедно haPPy 🥳🥳

Заедно haPPy 🥳🥳- доделување на јубилејни награди и испраќање во пензија✨✨

Со голема чест и задоволство, Нептун, на 23.06.2021година, организираше онлајн настан „ Заедно haPPy“ со кој ги одбележа јубилејниот број на години на дел од своите вработени.Нивната лојалност и придонес кон развојот на Нептун низ годините се цени и одбележува. Тие се инспирација и поттик да се вложува во вработените, низ вакви настани, обуки, тим билдинзи и разни програми за бенефиции. Тие се ментори на нови вработени, експерти во својата област и пример за посветеност.

На настанот, се одбележа и долгогодишниот ангажман на двајца вработени, кои оваа 2021година заминуваат во пензија. Им беа посакани среќни пензионерски денови и им беше искажана благодараност за нивната досегашна работа. Вработените кои присуствуваа на онлајн настанот од еден поинаков агол го видоа работењето во малопродажба, се присетија на нивни поранешни дружби, работни ангажмани, прослави, како и видео каде дел од вработените упатија убави зборови за своите колеги „јубилејци“ и колеги кои заминуваат во пензија. 

Настанот го водеше познатиот водител, Димитар Атанасовски, кој успеа онлајн да ја пренесе позитивната атмосфера до сите.