June 2022
На 15.06.2022 година, им оддадовме признание на нашите долгогодишни вработени. Со пригоден настан во винаријата Сопот, ги одбележавме јубилеите од 10 и 15 години на своите вработени.
Огромно е задоволството да се види напредокот и постигнувањата на овие вработени низ годините.
Нивната лојалност и придонес кон развојот на Нептун се цени и одбележува. Тие се инспирација и поттик да се вложува во вработените низ вакви настани, обуки, тим билдинзи и разни програми за бенефиции. Тие се ментори на нови вработени, експерти во својата област и пример за посветеност. Со гордост можеме да кажеме дека повеќе од 20% од вработените во Нептун работат повеќе од 10 години во компанијата. Успехот на Нептун неминовно се должи на Вработените!!!
Им го честитаме јубилејот на сите и им посакуваме уште многу успешни години заедно!