„ЗАЕДНО haPPy“ 🥳🥳- доделување на јубилејни награди✨✨

June 2024

„ЗАЕДНО haPPy“ 🥳🥳- доделување на јубилејни награди✨✨

На 14.06.2024 година, Нептун им оддаде признание на своите долгогодишни вработени. Во прекрасната атмосфера на винаријата Лазар, им оддадовме признание на 23 вработени кои со својата лојалност и посветеност обележаа 10, 15 и 20 години работа во нашата компанија.

Во Нептун Македонија, лојалноста не е само збор, туку начин на функционирање. Таа е вредноста која ги поврзува нашите вработени со визијата на компанијата, и е причината зошто нашите клиенти ни веруваат декада по декада. Како компанија, ние сме посветени на создавање на средина каде што лојалноста се наградува и се цени. Ние веруваме дека лојалноста е двонасочна улица - колку што ние сме лојални кон нашите вработени, толку и тие се лојални кон нас.

Огромно е задоволството да се види напредокот и постигнувањата на овие вработени низ годините. Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и успешен. Им благодариме за нивниот придонес и им посакуваме уште многу години на соработка и раст.

Со гордост споделуваме искуства на дел од колегите кои прославија јубилеј:

„15 години работа во најуспешната компанија за трговија со електронски апарати и една од најуспешните компании воопшто во Македонија многу брзо поминуваат. Времето брзо поминува доколку сте во динамична средина со позитивни импликации и континуирани  промени во позитивна насока како во Нептун Македонија.

Доколку си ја сакате работата и се чувствувате среќни заради резултатите кои ги постигнувате, многу лесно и брзо ќе ви поминува времето и ќе креирате уште попозитивни резултати, а со тоа ќе се чуствувате уште посреќно.“

Гоце Настески

Регионален менаџер за малопродажба

15 години

­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­__________________________________________________

„Од моето доаѓање па до денес има многу позитивни промени во начинот на работењето на самата фирма, нејзината експанзија и нејзиниот напредок. За да се опстанe во една ваква компанија потребна е сериозна посветеност кон работата, да ја сакаш самата работа и секако да бидеш задоволен од односот на фирмата кон тебе.

На новите вработени би им советувал да ја сакаат и почитуваат работата што ја работат, секојдневно да соработуваат со тимот и да бидат трпеливи.“

Никола Зарески

Референт за продажба, Нептун Прилеп

15 години

___________________________________________________

 „Прекрасно е чувството да си дел од една успешна екипа цели 10 години. Мојата приказна е испреплетена со големи предизвици и можности на лично и професионално унапредување. Имав можност да го следам растот на компанијата од година во година. Одличната соработка со колегите и претпоставените се клучот за долготрајна кариера.“

Ќенан Туша, 

Администратор во магацин

10 години

______________________________________________

„Горда сум на овој 10-годишен јубилеј, а истовремено и две децении работен стаж.

Патот до овој јубилеј беше одбележан со победи, вложување во сопственото знаење, но и со голем број на предизвици, кои секој ден ме прават сѐ подобра.

Секој од нас треба да ги следи своите соништа и да се стреми да не застане и остане на исто ниво, туку со континуирана едукација да растеме, да придонесуваме и да се менуваме кон подобро. Нептун е реномирана компанија која нуди перспектива и голем број отворени можности за развој на секој вработен.“

Мери Костадинова

Раководител на сметководство

10 години

____________________________________________________


Им го честитаме јубилејот на сите и им посакуваме уште многу успешни години заедно!