Ана Костовска - прогласена за HR Менаџер на годината 2019

November 2020

Ана Костовска - прогласена за HR Менаџер на годината 2019

 Ана Костовска, менаџер за човечки ресурси во „Нептун“ Македонија ја доби наградата најдобар менаџер за човечки ресурси за 2019 година на HR наградите што ги организира Македонската асоцијација за човечки ресурси. Наградата е уште едно признание за HR-политиките на компанијата, која е дел од интернационалната групација „Балфин“, една од најзначајните и најсилните инвестициски групации во регионот.

„Оваа награда е многу значајно признание за кој било професионалец од областа на човечките ресурси, но исто така е и голема обврска, бидејќи одговорноста за придонесот кон професијата сега се мултиплицира.

Признанието што го добивам сега, го сметам за верување дека ќе придонесам уште повеќе и ништо помалку од она што би сакала да го дадам.“ -Ана Костовска

Од срце ѝ ја честитаме наградата и ѝ посакуваме уште многу успеси!🥇🥇🥇