KolorRun трка - 18.09.2022

September 2022

KolorRun трка - 18.09.2022

Нептун Македонија и Сервис Македонија заедно со свој тим учестувааа на првата KolorRun трка организирана во Македонија, од страна на East Gate Mall и CoRunners.

Повеќе од 60 колеги земаа учество на Главната трка од 10км и Рекреативната трка од 2.5км, а тука беше и подмладокот „Јуниор тимот“ кој трчаше на Детската трка од 500м.

Во убава спортска и опуштена атмосфера колегите се рекреираа, се дружеа и го јакнеа тимскиот дух. Настанот понуди многу изненадувања и забавни моменти, во кои сите уживаа.

Најмалите беа посебно возбудени, бидејќи имаа можност и да ги посетат новите канцеларии на дирекцијата на Нептун и за нив беше организирана мала забава пред почетокот на трката.

Им честитаме на сите колеги за учеството и за постигнатите резултати!