Нептун на KOLORRUN 2023 🏃‍♀️ 🎽 🏃‍♂️

September 2023

Нептун на KOLORRUN 2023 🏃‍♀️ 🎽 🏃‍♂️

Нашите колеги земаа учество на KOLORRUN 2023, која се одржува втора година по ред и со гордост ги претставија боите на Нептун.

Повеќе од 30 колеги трчаа на трките од 2.5км и 10км, а тука беа и најмалите-Јуниор тимот кои трчаа на детската трка.

Трката #KolorRan е повеќе од само трчање. Тоа е начин да го покажеме нашиот тимски дух, нашата позитивна енергија и здравиот животен стил! Уживавме во прекрасната атмосфера, магијата од бои, многубројните насмевки и незаборавните моменти на дружење и забава кои ќе ги понесеме од уште еден заеднички тимски настан!

Им честитаме на сите вработени од Neptun Makedonija, Skopje East Gate SEG и Сервис Македонија за учеството и за постигнатите одлични резултати на трката! 

Му благодариме на нашиот разнобоен ТИМ, кој  што со гордост ја претстави нашата #balfingroup

До следното заедничко дружење....