August 2023
Колегата Александар Илиевски, на работна позиција Референт за продажба во Нептун EastGateMall, беше среќниот добитник на извонредното и незаборавно наградно патување во Франција на велосипедската трка "La Tour de France"!
Во продолжение се неговите импресии:
„Како дел од тимот на Нептун Македонија во соработка со TP Vision – Philips, на мое огромно задоволство и чест бев избран да бидам дел од една од најголемите велосипедски трки во светски рамки "La Tour de France" во Lyon.
Моето присуство на еден ваков настан и да се биде дел од тимот за поддршка на велосипедистите на Jumbo-Visma кои беа фаворити за победа, е едно големо искуство и доживување што ќе го паметам целиот свој живот.
Организацијата на патувањето беше на врвно ниво, учествувавме на припремите на велосипедистите како и на главната етапа која се возеше 169км.
Би сакал да изразам голема благодарност до Нептун Македонија за приликата што ми ја овозможија да бидам дел од овој настан.“ – Александар Илиевски – Нептун Автокоманда