November 2024
Овој месец Ноември, во знак на подигнување на свеста за машкото здравје и важноста на редовните здравствени прегледи, организиравме „Мовембер предизвик“ за нашите вработени. 🥸
Мовембер не е само моден и културен тренд, туку иницијатива за подигнување на свеста за машкото здравје, која има цел отворено да се зборува за здравствените проблеми на мажите, како што се менталните проблеми, ракот на простата и ракот на тестисите, и да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување, а воедно и да се намали бројот на смртни случаи.
Мовембер го одбележавме со еден предизвик, преку кој се надеваме дека допревме до нашите колеги за тоа колку е важна грижата за здравјето и превенцијата.
Воедно се забавуваме и поделивме неколку награди за трите категории во кои се натпреваруваа колегите. Благодарност до нашиот партнер #Philips, кој ги обезбеди подароците за вработените!
Им честитаме на колегите кои го прифатија предизвикот и учествуваа во него!