April 2021
На 11.04 го одржавме онлајн годишното собрание "Neptun haPPyning 2021" под мотото "Денес креираме утре".
На наше огромно задоволство успеавме да ги собереме сите наши вработени на едно место и дигитално се дружевме, забавуваме и си споделивме убави и корисни информации за нашата групација, компанија, напредокот и иднина. Се осврнавме и на минатата година која беше исклучителна тешка. Разговаравме за предизвиците од пандемијата со кои се справуваме и ние, но и целиот свет.Самото мото кажува многу. Ние сите како индивидуи денес го креираме нашето утре. За подобро утре мора сите ние да бидеме подобра верзија од себе денес. Да инвестираме во нас, да инвестираме во вредности, во семејствата, во компанијата каде работиме, во тимовите во кои работиме, во проектите. Само така ќе изградиме подобри верзии од нас и ќе изградиме подобро утре.
Модератор на онлајн настанот ни беше актерот Сашко Коцев, кој прекрасно го водеше настанот, не насмеа и орасположи со неговите шеги. На нашите вработени им се обрати Goran Cvetinov - Генерален директор на Нептун Македонија. Тој ги презентираше идните планови за компанијата и им се заблагодари на учесниците за нивниот труд и посветеност во компанијата, особено во овие тешки месеци во време на пандемија.
Се гледаме до година на следниот Neptun haPPyning!