Philips Care & Beauty обука за тимот на Neptun 🎯

September 2026

Philips Care & Beauty обука за тимот на Neptun 🎯

Успешно реализирана Philips Care & Beauty обука 🎯 

Континуираното учење и развој се клучни за обезбедување врвно корисничко искуство. Токму затоа, на 11.09.2026 успешно ја реализиравме Philips Care & Beauty обуката, посветена на најновите технологии и иновации во категоријата Personal Care & Beauty.

Во текот на обуката, нашите колеги подетално се запознаа со Philips производите од категориите електрични четки за заби, фенови и преси за коса, апарати за нега на лице, тримери, машинки за бричење, како и со иновативниот Philips Lumea IPL систем за долготрајно намалување на влакната.

Преку интерактивни презентации и практични демонстрации ги разгледавме клучните предности, функционалности и начини на примена на производите, со цел да им понудиме на нашите потрошувачи уште поквалитетен совет и поддршка при изборот на вистинското решение за нивните потреби.

👏 Благодарност до сите учесници за активното учество, посветеноста и позитивната енергија.

Продолжуваме да инвестираме во знаење, развој и експертиза, затоа што само заедно растеме и создаваме подобро искуство за нашите потрошувачи.